Достапни линкови

Либиски генерали го напуштија Гадафи


Осумина високо рангирани либиски воени офицери во Рим изјавија дека се дел од 120 те војници кои го напуштиле Моамер Гадафи. Генерали и полковници зборуваа на прес конфеенција што ја организираше италијанската влада која е една од неколкуте кои го признаа Либиското бунтовничко движење. Осумината на конференцијата не кажаа каде се сместени останатите војници кои ја напуштија Либија. Претходно телевизијата Ал Арабија објави дека 120 либиски војници пристигнале во Рим. Либискиот амбасадор во Рим изјави дека само 8 -те воени офицери кои биле на прес конференцијата се во Рим.
XS
SM
MD
LG