Достапни линкови

Загинале австралиски војници во Авганистан


Австралиското министерство за одбрана соопшти дека дека двајца австралиски војници се убиени во одделни инциденти во Авганистан. На авганистанскиот фронт до сега загинале вкупно 26 австралиски војници од почетокот на конфликтот па наваму. Австралија учествува со над 1550 војници во мисијата во Авганистан каде што поголемиот дел од нив се фокусирани на обучување на авганистанските војници кои треба да ја преземат безбедносната контрола во провинцијата Урузган.
XS
SM
MD
LG