Достапни линкови

Милошоски:вниманието однадвор за спорот за името, не ни пречи


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и медијаторот Метју Нимиц

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и медијаторот Метју Нимиц

Вниманието на секој однадвор во однос на македонско - грчкиот спор, е добронамерно и нас тоа не ни пречи, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Милошоски ја коментираше изјавата на поранешниот бугарски министер за надворешни работи Иван Станцов, во која тој посочува дека во решавањето на спорот за името помеѓу Македонија и Грција треба да помогнат Букурешт и Белград. Сите оние кои се заинтересирани за напредок во регионот, за поблиска соработка, регионален развој и зачленување таму каде што заслуживме ние ги подржуваме, изјави Милошески.
XS
SM
MD
LG