Достапни линкови

Белорусија ги зголемува каматите во борба против економската криза


Централната банка на Белорусија најави дека ќе го зголеми процентот на каматната стапка од 2 на 16 проценти. На тоа се решиле во улови на зголемена инфлација, ослабена домашна валута и економска криза. Одлуката ќе стапи на сила во среда. Заменик министерот за економија Андреј Тур предупреди минатата недела дека инфлацијата би можела да достигне 39 проценти до крајот на годината по девалвации на рубљата од страна на властите во борба против кризата.
XS
SM
MD
LG