Достапни линкови

logo-print

Давутоглу: Не може да се спречи испраќање помош за Појасот Газа


Демократските влади не можат да ги запрат граѓаните да испраќаат нова хуманитарна флотила за Појасот Газа, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Изјавата на Давутоглу уследи откако генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун во петокот апелираше до владите да ги разубедат активистите да не испраќаат втора флотила со хуманитарна помош за Појасот Газа. Пропалестински органзизации и невладини организации подготвуваат втора хуманитарна флотила, која ќе се обиде да ја пробие блокадата на Појасот Газа идниот месец. Помина една година откако израелските командоси упаднаа на турски брод кој носеше хуманитарна помош, при што загинаа девет луѓе.
XS
SM
MD
LG