Достапни линкови

Колку пари трошат партиите за кампањи?


Никола Груевски на митингот во Охрид

Никола Груевски на митингот во Охрид

Државната комисија за спречување корупција добила финансиски извештаи од сите 18 организатори на изборната кампања. Од првичната анализа е констатирано дека организаторите на кампањата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и ЛДП, потрошиле многу повеќе пари отколку што имаат обезбедено од приливите. А од СДСМ , Комисијата ќе побара дополнитлени информации за кредитот земен од Комерцијана банка, кој во извештајот е наведен како донација.

Комисијата, на организаторите ќе им го презентира извештајот и ќе им укаже да ги отстранат недостатоците за во финанскискиот извештај, кој треба да го достават по завршувањето на изборната кампања.

Во однос на донациите, кои се носечки извори на средства за изборната кампања, во Извештаите се прикажани донаторите, физички и правни лица. Во принцип, сите прикажани донации, според износите се во согласност со законскиот лимит за донирање на изборните кампањи, до 5.000 евра донација од физичко лице, додека за правните лица треба да се направат дополнителни проверки за тоа дали нивните донации се во висина до 5 отсто од остварениот вкупен приход во текот на изминатата година.
XS
SM
MD
LG