Достапни линкови

Папандреу не планира да распише вонредни парламентарни избори


Премиерот на Грција Јоргос Папандреу

Премиерот на Грција Јоргос Папандреу

Премиерот на Грција Јоргос Папандреу изјави дека не планира да распише вонредни парламентарни избори, иако неговата влада се соочува со тешки економски проблеми, кои последните денови добиваат драматични размери.Изјавата на Папандреу доаѓа по пишувањата во медиумите дека во владата сериозно се размислува за вонредни избори. Редовните треба да се одржат во 2013-та година.По предлогот за новите мерки за штедење, со кои треба да се исполнат условите за добивање нови кредити од ММФ и европските финансиски институции, популарноста на ПАСОК продолжи да опаѓа. Најновите анкети покажуваат дека владеачката партија ја подржуваат 20 проценти од граѓаните, дури за 24 отсто помалку отколку за време на парламентарните избори во 2009 година.
XS
SM
MD
LG