Достапни линкови

Коментарите за прашањето за името, доминираат во дискусијата меѓу слушателите на нашата интернет страна.

Иако, името како тема не доминира во предизборната кампања, почитувани, со исклучок на настапите на мал број нејзини актери, според вашите реакции се гледа дека и тоа колку е чувствителна тема за граѓаните. На пример, од интервјуто на министерката за внатрешни, Јанкулоска, има коментар само на одговорот дека за актуелната влада
било прифатливо решението што ќе се постигне во рамките на преговорите што се водат под покровителство на ОН.

Морис конкретно пишува: „Немојте да го третирате проблемот за името како да се однесува на некоја држава некаде таму далеку од државата во која сте вие министерка. Проблемот ќе се реши кога Македонија и Грција, односно нејзините влади ќе создадат услови за тоа, а услови ќе се создадат со работа и компромис“, пишува нашиот слушател коментирајќи го одговорот на Јанкулоска.
Немојте да го третирате проблемот за името како да се однесува на некоја држава некаде таму далеку од државата во која сте вие министерка.

Во нашиот Хајд парк, каде што прашањето е дали да има промена на името или не и дали тоа да се става на референдум, а пораките веќе сме ги препрочитале, има една нова, прилично долга и со познат речник напишана, а потпишана од слушател како „Името си е име“. Слушателот смета дека прашањето од Радио Слободна Европа било провокација и злонамерна сугестија. Слушател, пак, потпишан како Македонец, во овој текст го препознава и му пожелува добредојде на некогаш редовниот Миле од Охрид, кој постојано фрлаше дрва и камења по нашата редакција, велејќи му дека го немало долго време да се јави.

И кој вели дека темите што не се однесуваат на Македонија не ве интересираат? Апсењето на Ратко Младиќ, очигледно ви ги разбудило
Проблемот ќе се реши кога Македонија и Грција односно нејзините влади ќе создадат услови за тоа, а услови ќе се создадат со работа и компромис.
сеќавањата и ве испровоцирало да си го кажете вашето мислење за некои нешта што се случуваа на просторите на поранешна СФРЈ пред речиси 20 години.

На текстовите од нашата редакција: „Кој е Ратко Младиќ“ и „Младиќ, правда или трговија“, Јанакиев Никола од Перт потсетува на мислата на Христо Ботев од пред 120 години дека „додека има будали, ќе има и генерали. За да го покориш Балканот - вооружи го“.

Петре од Скопје пишува дека на Младиќ треба да му се суди јавно како нацист и како опомена на јавноста за таквите како него, а Николче со носталгија пишува дека на Западот живее 40 години и има само два пасоша: едниот е македонски, а вториот црвениот, Ју пасош, и дека се уште верува во заедничката иднина на народите од поранешна Југославија. Еее, почитуван слушателу, ама тоа веќе е историја.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG