Достапни линкови

Јемен: исламски милитанти нападнале воен конвој


Четворица јеменски војници загинале, додека неколкумина други биле ранети во заседа во која упаднал еден воен конвој во градот Зинџибар кој е под контрола на исламски милитанти. Се уште не е познато дали овие милитанти се поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда. Неколкумина генерали го обвинија претседателот Али Абдула Салех дека им го предал градот на милитантите. Во меѓувреме има информации дека во градот Таиз загинале дваесетина протестанти кога безбедносните сили ги нападнале на плоштадот каде што логорувале во протест против 30 годишното владеење на Салех.
XS
SM
MD
LG