Достапни линкови

Во Шпанија продолжуваат протестите


Активистите на здружението ,,Понижени,, незадоволни од начините со кои шпанската влада ја решавата тешката финансиска криза во земјата решија да ги продолжат протестите. Повеќе илјади главно млади демонстранти синоќа во Мадрид учествуваа на своевиден парламент на кој е донесена одлука за продолжување на протестите и за задржување на протестните логори по шпанските градови. Стапката на невработеност во Шпанија е над 21 насто, највисока во еврозоната.
XS
SM
MD
LG