Достапни линкови

logo-print

Жалба против израчувањето на Младиќ


Семејството и адвокатот на поранешниот командант на босанските срби Ратко Младиќ се очекува денеска да упатат жалби против неговото израчување на Хашкиот трибунал. Семејството бара одлагање на израчувањето поради неговата здравствена состојба. Вчера над сто луѓе беа приведени, додека повеќе од 30 беа повредени во нередите по митингот за поддршка на Младиќ кој во минатата недела, по 16 години бегство, беше уапсен во Србија.
XS
SM
MD
LG