Достапни линкови

Шатлот Ендевор ја завршува последната мисија


Американскиот шатл Ендевор

Американскиот шатл Ендевор

Американскиот шатл Ендевор е на пат за Земјата откако ја заврши неговата последна мисија на Меѓународната вселенска станица. Слетувањето се очекува в среда по 16 дневниот престој во Вселената. Потоа шатлот ќе биде сместен во музеј во Калифорнија. Соединетите држави планираат да ја завршат оваа 30 годишна програма во идниот месец со последен лет на шатлот Атлантис. Со тоа се очекува годишно да бидат заштедени околу 4 милијарди долари, пари кои ќе бидат пренасочени за нови летала што можат да патуваат до Марс.
XS
SM
MD
LG