Достапни линкови

Контаминираниот зеленчук се повлекува од Чешка и Австрија


Шпанскиот зеленчук за кој постои сомневање дека е контаминиран со заразна бактерија се повлекува од продавниците во Чешка и Австрија. Од бактеријата ешерихија коли која се наоѓа во зеленчукот во Германија веќе починале 10 луѓе. Властите во Чешка соопштија дека од продавниците биле повлечени шпанските краставици, а во Австрија биле повлечени и домати. Агенциите за здравје и безбедност на храната ги повикаа луѓето кои веќе имаат купено такви продукти , да ги фрлат.
XS
SM
MD
LG