Достапни линкови

logo-print

Младиќ опседнат со „морбидни идеи“, тврди неговиот адвокат


Притворска единица во Специјалниот суд во Белград

Притворска единица во Специјалниот суд во Белград

Адвокатото на Ратко Младиќ, Милош Шаљиќ , изјави дека психичката состојба на Младиќ е влошена, и дека на памет му паѓаат „морбидни идеи“. Шаљиќ вели дека со Младиќ е невозможно да се разговара за одбраната во Хашкиот Трибунал. Една од идеите кои Младиќ цело време ја повторувал е, ако не му дозволат да го посети гробот на ќерка му, да му го доднесат нејзиниот сандак за да го види. Иако Младиќ е задоволен од условите и третманот во притвор, Шаљиќ вели дека неговата здраствена ситуација е алармантна и прашање е уште колку ќе живее. Младиќ веќе има преживеано 3 мозочни удари, а условите во притворската единица на Специјалниот суд не одговараат за неговата состојба, вели адвокатот.
XS
SM
MD
LG