Достапни линкови

Во Барселона се прославува за фудбалкиот трофеј


Најмалку 11 луѓе се повредени и завршиле во болница, за време на уличната прослава во Барселона, откако истоимениот клуб стана првак во Лигата на шампионите. Полицијата соопшти дека повеќе од 80 луѓе се уапсени , откако ги нападнале полицајците со шишиња, пиротехнички средства и други предмети. За време на прославата фановите на Барселона кршеле клупи во парковите и автобуски постројки. Прославата започнала ноќеска неколку саати откако Барселона стана европски првак и го совлада Манчестер Јунајтед до 3:1. По натпреварот околу 50 илјаиди луѓе излегле на улиците да прослават. Се очекува попладне бројот на луѓе да се зголеми, кога фудбалерите на Барселона во отворен автобус ќе прошетаат со трофејот низ целиот град.
XS
SM
MD
LG