Достапни линкови

Иванов-Европа не е цела без Балканот


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Европската унија не е целосна без Балканот, рече претседателот Ѓорѓе Иванов во своето обраќање на тринаесеттата меѓународна конференција „Балканот во Европа и светот во 21 век“, што се одржува во Софија. Во своето обраќање Иванов се осврна на состојбите на Балканот, како и на сите придобивки за балканките земји во последните неколку години. Европската идеја беше таа што придонесе доброволно да ги менуваме нашите системи, да воспоставуваме европски критериуми, принципи и вредности, изјави Иванов. Според него, на Балканот му треба нова инфраструктура за да се поврзат луѓето и економиите. На Балканот му треба нова енергетска сигурност и колективна безбедност.
XS
SM
MD
LG