Достапни линкови

logo-print

Младиќ би можел да биде испорачан во Хаг,утре или во вторник


Состанок на хашките судии

Состанок на хашките судии

Ратко Младиќ би можел да биде испорачан во Хашкиот трибунал утре или во вторник, изјави туркиот судија Мехмет Гунеј. Гунеј кој е вршител на должноста претседател на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, изјави дека во согласност со меѓународното право, Младиќ веднаш ќе биде изведен пред судија. Пред испораката на Младиќ во Хаг, треба да бидат завршени лекарските, административните и финансиските процедури .Турскиот судија прогнозира дека судењето би траело помеѓу година и половина и две години.
XS
SM
MD
LG