Достапни линкови

Бин Амам се повлекува од трката за претседател на ФИФА


Бин Амам и претседателот на ФИФА Сеп Блатер

Бин Амам и претседателот на ФИФА Сеп Блатер

Соочувајќи се со тврдењата дека е замешан во корупција, Мохамед Бин Амам најави повлекување од трката за претседател на светската фудбалска организација (ФИФА). Бин Амам, сегашниот претседател на Азиската фудбалска конфедерација, го објави својот став на сопствената интернет страница, неколку часа пред да се соочи со Комитетот за етика при ФИФА. Бин Амам требаше да се соочи со актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер на изборите во среда. Блатер и Заменик-претседателот на ФИФА Џек Ворнер денеска исто така треба да се соочат со Комитетот за етика.
XS
SM
MD
LG