Достапни линкови

Летонија-Претседателот сака да го распушти парламентот


Претседателот на Летонија Валдис Затлерс

Претседателот на Летонија Валдис Затлерс

Претседателот на Летонија Валдис Затлерс презеде чекор за распуштање на парламентот, откако пратениците ја блокираа истрагата за корупција на еден истакнат политичар и бизнисмен. Пратениците одбија да му го укинат парламентарниот имунитет на Аинарс Слесерс кој е еден од најбогатите луѓе во Летонија . Според уставот, гласачите ќе гласаат на референдум за тоа дали да го поддржат решението на претседателот да го разреши парламентот. Ако референдумот не успее, претседателот ќе мора да ја напушти функцијата.
XS
SM
MD
LG