Достапни линкови

Во Јордан замрзнати 1,5 милиони долари ирачки пари


Авион на ирачка авиокомпанија

Авион на ирачка авиокомпанија

Еден и пол милиони долари кои им припаѓаат на ирачките авио компании се замрзнати во Јордан, соопшти ирачки владин претставник. Портпаролот на Министерството за транспорт вели дека властите во Јордан се одлучиле на такво нешто на барање на Кувајт. Кувајт и Ирак водат децениски спор, во кој Кувајт го обвинува Ирак дека украле 10 авиони и опрема и резервни делови во милионски суми. Багдад ќе побара од судовите во Јордан да им се одмрзнат средствата.
XS
SM
MD
LG