Достапни линкови

logo-print

Арапската лига ќе побара од ОН признавање на палестинска држава


Состанок на Арапската лига

Состанок на Арапската лига

Арапската лига соопшти дека го подржува барањето од ОН да се побара да го признаат формирање на палестинска држава. Во соопштението на Арапската лига, се наведува дека со тој потег ОН целосно ќе го признаат Западниот Брег и Појасот Газа, како независна држава, со Источен Еруслами како нејзин главен град. Арапската лига ќе го побара тоа од ОН на состанокот во Њујорк во септември. Во петокот, претседателот на Генералното собрание на ОН Џозеф Дајс, рече дека ако сака палестинската држава да биде призната во ОН, ќе биде потребна подршка од сите постојани членки со право на вето во Советот за безбедност.
XS
SM
MD
LG