Достапни линкови

logo-print

Во Грузија протести против насилство


Од протестите во Тбилиси

Од протестите во Тбилиси

Во главниот град на Грузија Тбилиси, илјадници луѓе протестираа против насилствата на митингот на опозицијата, кога двајца луѓе загинаа, а 90 беа уапсени. Демонстрантите вчера прошетаа до зградата на парламентот, и го блокираат сообраќајот на главната улица во престолнината. Претходно оваа недела приврзаниците на поранешниот претседател на Собранието Нино Бурјанаџе се собираа пет ден по ред барајќи оставка од претседателот Михаил Саакашвили. Полицијата во четвртокот ги растера демонстрантите , користејќи солзавец и гумени куршуми. Меѓународната група за човекови права Амнести интернешнал ја повика Грузија да го испита насилството против демонстрантите
XS
SM
MD
LG