Достапни линкови

Барселона европски клупски шампион во фудбал


Лионел Меси најдобар и на финалето на Вембли

Лионел Меси најдобар и на финалето на Вембли

Барселона по четврти пат во својата историја е европски клупски шампион во фудбал. Вечерва фудбалерите на шпанскиот првак во финалето на Лигата на шампионите, што се одигра на Вембли во Лондон, го совладаа Манчестер Јунајтед со 3:1.
Поведе Барселона во 27 минута со голот на Педро, а изедначи Руни седум минути подоцна. Во второто полувреме со два прекрасни гола Меси и Виља го постигнаа конечниот резултат. За најдобар играч на извонредниот финален натпревар беше прогласен Лионел Меси, најдобриот фудбалер на денешницата.
XS
SM
MD
LG