Достапни линкови

Талибанците одговорни за нападот во северен Авганистан


Во бомбашкиот напад во северниот авганистански град Такхар загинале најмалку 7 луѓе, а повеќе од 9 се повредени. Од тамошната полиција соопштуваат дека меѓу убиените се тројца германски војници, четворица авганистански меѓу кои и шефот на регионалната полиција. Нападот се случил за време кога во владината зграда во Такхар се одржувал состанок. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG