Достапни линкови

logo-print

Медведев: Гадафи треба да замине од Либија


Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска на крајот од самитот Г8 во францускиот град Довил изјави дека либискиот лидер Моамер Гадафи би требало да ја напушти земјата. Тој додаде дека за сите во Либија ќе биде подобро доколку воените операции завршат што е можно поскоро. Медведев најави дека ќе го испрати рускиот специјален пратеник за Африка Михаил Маргелов на разговори со либиските бунтовници во Бенгази. Претходно, лидерите ветија 40 милијарди долари помош за земјите од таканаречената Арапска пролет.
XS
SM
MD
LG