Достапни линкови

Протести во Сирија, неколкумина загинати


Активисти за човекови права и очевидци јавуваат дека сириските сили за безбедност денеска со употреба на сила ги растуриле антивладините протести во повеќе градови во таа земја. Според нив, полицијата во Дамаск и Катана пукала врз демонстрантите при што имало и неколкумина загинати. Протестите против владеењето на претседателот Башир ал Асад почнаа во март годинава и досега во нив загинале над илјада луѓе.
XS
SM
MD
LG