Достапни линкови

logo-print

Белорускиот претседател ќе забрани странски медиуми


Белорускиот претседател Александар Лукашенко се закани дека ќе забрани некои странски медиуми да работат во таа земја поради нивните извештаи дека во Белорусија се продлабочува финансиската криза. Тој исто така упати критики и до некои белоруски новинари кои работеле за странски организации. Централната банка на Белорусија оваа недела ја преполови вредноста на белоруската рубља во однос на американскиот долар. Граѓаните во таа земја почнаа панично да купуваат долари и евра во обид да ги зачуваат нивните заштеди.
XS
SM
MD
LG