Достапни линкови

logo-print

Кетрин Ештон ја продолжува посетата на Приштина


 Pristina, 25May2011.

Pristina, 25May2011.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон во Приштина се сретна со шефот на приштинскиот тим, кој учествува во преговорите со Белград, Едита Тахири.
Освен Тахири, Ештон ќе се сретне и со највисоките косовски државни функционери и со претставници на ЕУ во Косово.
Тахири изјави дека посетата на Ештон е поттикнување на разговорите за техничките прашања меѓу Приштина и Белград и постигнување конкретни договори.
Тахири по состанокот со Ештон рече дека разговарале за европската перспектива на Косово за што е добиена поддршка од ЕУ.
По средбата со претставниците на Еулекс, Ештон заедно со премиерот Хашим Тачи ќе го посети Призрен
XS
SM
MD
LG