Достапни линкови

Караманлис бил близок со Путин, пишува Викиликс


Караманлис и Путин во Москва 29.04.2008

Караманлис и Путин во Москва 29.04.2008

Опасноста се крие во Атина, бидејќи таа е поблиску до Русија во однос на енергетските прашања, а под притисок може да се откаже од сегашните ставови и да ги поддржи Русите и по други прашања, како на пример Иран, се наведува во телеграма објавена од сајтот Викиликс, која датира од времето кога биле потпишувани спогодбите во сферата на енергетиката. Во телеграмата се споменуваат потесните врски на тогашниот премиер Костас Караманлис со Владимир Путин кои можат да доведат и до потесни односи на Грција со Иран.
Караманлис се обидува да се претстави дека држи одреден баланс меѓу САД и Русија, за разлика од министерот за надворешни работи и неговиот политички конкурент Дора Бакојани, за која многу Грци веруваат дека премногу ја следи проамериканската линија, напишал тогаш американскиот пратеник во Атина, Даниел Спекхард.
XS
SM
MD
LG