Достапни линкови

Зголемена безбедноста во Србија по апсењето на Младиќ


Белград, 26 Мај

Белград, 26 Мај

Поради апсењето на Ратко Младиќ во Србија е зголемен и степенот на безбедност на повисоко ниво, а во Белград во сила стапи забрана за јавни собири, јави радио Б92.
Вчера околу 700 незадоволни граѓани се собраа на два одделни протести во Белград и Нови Сад.
Во главниот град на Србија поради нарушување на редот и мирот синоќа се приведени 35 лица. Тие носеле знамиња на Србија, фотографии на Ратко Младиќ и извикувале пароли за поддршка на Хашкиот обвинител.
Српската радикална партија најави протестен митинг во недела поради апсењето на поранешниот лидер на босанските Срби.
XS
SM
MD
LG