Достапни линкови

logo-print

Евентуални недемократски избори ќе ја загрозат евроатлантската перспектива на земјата, предупредуваат експертите.

Евроатланската интеграција и спорот со името за експертите не зависи од тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе остане или СДСМ ќе дојде на власт, туку дали изборите ќе поминат на фер и демократски начин.

Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека во моментов најважно е каква ќе биде политичката состојба во земјава по изборите.
Без оглед дали зборуваат за економски, безбедносни, политички проблеми битно е Макеоднија да ги направи тие два чекори. Да влезе во безбедносносната структура на НАТО и да влезе во преговори со Европската Унија, пречка за тоа е проблемот со името.
Имено ако тие завршат успешно и поразените им подадат рака на победниците и нема да ги оспоруваат резултатите, тогаш тоа ќе влијае поволно и врз проблемот со името и процесот за влез во ЕУ и НАТО, вели тој.

„Бидејќи, како што веќе се изјаснија и опозицијата и власта, ќе треба да се консултира народот, а на тоа треба да му претходи една заемна стратегија изградена на сите политички чинители околу консензусот за тоа прашање кое би му се презентирало на народот.“

Но, ако изборите бидат оспорувани и ја вратат демократијата чекор наназад, тогаш и ситуацијата по тоа прашање ќе биде поинаква, додава Малески:

Aко изборите бидат оспорувани ќе ја вратат демократијата чекор назад

„Тогаш и по ова прашање тешко дека ќе можеме да очекуваме политичките елити сериозно да му пристапат во наредниот период, туку тогаш ќе биде поправка на политичкиот систем на Македонија.“

Политичкиот аналитичар Назми Малиќи вели дека партиите не треба да ја стават во втор план евроатланската интеграција.
Без разлика дали се работи за ВМРО-ДПМНЕ или за некоја друга партија, кои ја згрешиле ориентацијата за тоа Македонија да не биде членка на ЕУ и НАТО, мислам дека не ја избрале најсреќната политика за нивните избирачи, за нивниот електорат, воопшто за граѓаните на Македонија.

„Без разлика дали се работи за ВМРО-ДПМНЕ или за некоја друга партија, кои ја згрешиле ориентацијата за тоа Македонија да не биде членка на ЕУ и НАТО, мислам дека не ја избрале најсреќната политика за нивните избирачи, за нивниот електорат, воопшто за граѓаните на Република Македонија.“

Според Малески, занемарувањето на проблемот со името се одразува не само врз економијата кој е главна точка во програмите на партиите, туку и врз развојот на земјава.

„Без оглед дали зборуваат за економски, безбедносни, политички проблеми, битно е Макеоднија да ги направи тие два чекори. Да влезе во безбедносносната структура на НАТО и да влезе во преговори со Европската унија. Пречка за тоа е проблемот со името.“

И Малиќи го дели истиот став:

„Реформите во економијата, без разлика што во програмите многу се афирмираат и пропагираат, бројот на невработени е зголемен, социјалните проблеми се зголемени... Што значи економска програма без усогласување на стандардите што ги нуди ЕУ, не верувам дека ќе бидат толку успешни.“
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG