Достапни линкови

logo-print

Протести против апсењето на Младиќ во Србија


Српската полиција синоќа приведе повеќе луѓе кои учествуваа на протестите во Белград и Нови Сад , заради апсењето на Ратко Младиќ, соопшти шефот на полицијата Милорад Вељовиќ. Апсењата биле повеќе превентивни, бидејќи полицијата не сака да се наруши јавниот ред и мир. Шефот на полицијата изјави дека ситуацијата во целата земја е стабилна и под контрола. Освен во Белград и Нови Сад, помали протести имало и во Аранѓеловац, Чачак, Краљево и Зрењанин. Во Нови Сад, група од околу 500 демонстранти се обиде да упадне во зградата на Радио телевизија Војводина и во зградата на општинскиот штаб на Демократската партија. Во судирите со полицијата имало и повредени. Во Белград, на неколку пати се собирале по неколку десетици млади, кои полицијата ги растерувала.
XS
SM
MD
LG