Достапни линкови

logo-print

Обама - Убиените нема да се вратат, но Младиќ може да одговара


Ратко Младиќ во Сребреница

Ратко Младиќ во Сребреница

Американскиот претседател Барак Обама ги поздрави „решителните напори“ на српскиот претседател Борис Тадиќ, кои овозможија да биде уапсен Ратко Младиќ. Обама изјави дека чинот на апсење на Младиќ е важен за семејствата на неговите жртви, за Србија, за Босна, за САД и за меѓународното правосудство. Тој изјави дека убиените не може да се вратат, но Младиќ сега ќе одговара за жртвите во судница. Апсењето на Младиќ го поздрави и државната секретарка Хилари Клинтон. Таа изјави дека неговото апсење е порака за сите во светот кои го кршат законот и го загрозуваат животот на цивилите, дека меѓународната правда функционира.
XS
SM
MD
LG