Достапни линкови

Младиќ немал лажен идентитет


Младиќ беше уапсен во селото Лазарево во близина на Зрењанин

Младиќ беше уапсен во селото Лазарево во близина на Зрењанин

Не е точна информацијата дека Ратко Младиќ користел лажен идентитет, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Тој соопшти дека при апсењето, кај Младиќ биле пронајдени лична карта со неговото име, која била истечена и воена легитимација на свое име. Медиумите, најпрвин објавија дека Младиќ се криел под лажното име Милорад Комадиќ. Кај хашкиот бегалец биле пронајдени два пиштола, но тој не ги употребил и немало никава насилна акција за негово апсење. Повеќе детали за акцијата, Дачиќ најави за тогаш кога атмосферата малку ќе се стиши и кога ќе заврши процесот на екстрадиција.
XS
SM
MD
LG