Достапни линкови

Русија е против остри санкции на ОН против Сирија


Лидерите на Г8 пристигнуваат на Самитот во Довил

Лидерите на Г8 пристигнуваат на Самитот во Довил

Русија не сака остри санкции на ОН против Сирија, која сурово постапува со демонстрантите. Москва смета дека веќе погрешила што се согласила со меѓународната кампања во Либија. Рускиот амбасадор во Франција, Александар Орлов, кој присуствува на Самитот на Г8 изјави дека НАТО кампањата во Либија отишла многу подалеку отколку што тоа го дозволуваат резолуциите на ОН. И затоа Русија не сака премногу да се меша во Сирија. Русија, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН со право на вето, гласаше воздржано кога се гласаше за резолуцијата за Либија.
XS
SM
MD
LG