Достапни линкови

Извештај за привлекување инвестиции


Слободна економска зона „Бунарџик“ - Ќе донесе ли извештајот за инвестициона политика повеќе инвестиции?
Слободна економска зона „Бунарџик“ - Ќе донесе ли извештајот за инвестициона политика повеќе инвестиции?

Владата и министерството за економија со помош на извештај за инвестициона политика ќе ја подобруваат климата за привлекување странски инвестиции.

Владата и министерството за економија со помош на извештајот за инвестиционата политика на Македонија приготвен од организацијата на ОН за трговија и развој УНКТАД и во соработка со германското здружение за трговска помош ГТЗ, ќе ја подобрува климата за привлекување на странски капитал во земјава. Целта на извештајот е
Многу е тешко да се прејудицира точна сума на инвестиции и што ќе се случи бидејќи тоа зависи од многу фактори, но можам да кажам дека оваа година сигурно дека се планира зголемување на бројот на инвестиции од она што беше минатата година

елиминирање на пречките и препораки кои ќе се најдат во Програмата за поттикнување на инвестиции која треба да биде усвоена од владата. Калман Калотеи од Секторот за извештаи за инвестициона политика на УНКТАД вели дека резултатот на странски директни инвестиции во Македонија е добар, но ако се спореди со другите земји од Југоисточна Европа се гледа дека тој заостанува.

„Препораките во извештајот имаат пет стратегиски цели. Постигнување на глобален напредок во инвестициона рамка, создавање на синергија меѓу странските директни инвестиции и индустриската политика, зајакнување на креирањето на политики од
Постигнување на глобален напредок во инвестициона рамка, создавање на синергија меѓу странските директни инвестиции и индустриската политика, зајакнување на креирањето на политики од областа на инвестициите и конкурентноста, како и рационализација на напорите за инвестициона промоција и обезбедување на ефикасна имплементација на политики

областа на инвестициите и конкурентноста, како и рационализација на напорите за инвестициона промоција и обезбедување на ефикасна имплементација на политики.“

Првиот човек на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Виктор Мизо вели дека во последниве два месеци е зголемена активноста и со околу десет компании имаат секојдневни преговори. Одлуката дали тие ќе инвестираат во Македонија ќе ја донесат во наредните месеци вели тој.

„Одлуката треба да се донесе и да се појави некаде кон средината на оваа година, крајот на летото, почетокот на есента поради фактот што сите овие компании имаат потреба за нови производствени погони во Европа кон крајот на третиот, почеток на четвртиот квартал 2012 година поради тоа што тогаш се очекува враќање на пазарите на Европа на оној пред кризен период.“

Но, во игра со тие компании се и земјите од регионот, но Мизо е оптимист дека тие ќе ја изберат Македонија и дека оваа година ќе има зголемување на инвестициите.

„Многу е тешко да се прејудицира точна сума на инвестиции и што ќе се случи бидејќи тоа зависи од многу фактори, но можам да кажам дека оваа година сигурно дека се планира зголемување на бројот на инвестиции од она што беше минатата година и истовремено зголемување на компаниите кои ќе изградат нови капацитети и истовремено зголемување на бројот на вработувањата во странските компании.“

Во земјава во првите два месеци според Мизо има 100 милиони евра инвестиции.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG