Достапни линкови

Рикер - Изборите важни за иднината


Извршниот директор на граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов и американскиот амбасадор Филип Рикер

Извршниот директор на граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов и американскиот амбасадор Филип Рикер

САД очекуваат Македонија да спроведе фер избори кои се битни за иднината, рече американскиот амбасадор Филип Рикер.

Американскиот амбасадор Филип Рикер оценува дека претстојните избори се многу битни за иднината на Македонија и ги охрабрува граѓаните да не се плашат и да излезат на гласање. Тој вели дека САД
Ги охрабрувам сите граѓани да учествуваат на изборите, да излезат и да гласаат, да запаметат и да знаат дека нивниот глас е таен. На овие избори нема место за заплашување или принуда.

очекуваат, Македонија, како европска земја да ги исполни стандардите за фер избори.

По средбата со извршниот директор на граѓанската асоцијација Мост, Дарко Алексов, Рикер рече дека за САД е многу важно и набљудувањето на изборите, што треба да осигура дека тие ќе бидат слободни, фер и во согласност со стандардите. Американскиот амбасадор потсетува дека гласањето е тајно и ги повика македонските граѓани да го искористат гласачкото право.

„Ги охрабрувам сите граѓани да учествуваат на изборите, да излезат и да гласаат, да запаметат и да знаат дека нивниот глас е таен. На овие избори нема место за заплашување или принуда. Граѓаните, секој поединечно, треба да излезат, да се информираат и да го дадат својот глас според нивната визија и желба за иднината“, рече Рикер.

Директорот на Мост, Ангелов, вели дека го информирал американскиот амбасадор за активностите што ги спроведува асоцијацијата и начинот на кој го спроведуваа мониторингот, кој, како што вели, е во целосна
Ова се многу важни избори за иднината на Македонија. Напорите за нивно набљудување, што треба да осигура дека тие ќе бидат слободни, фер и во согласност со стандардите, што го очекуваме од Македонија, како европска држава, е многу важно за нас.

согласност со меѓународните стандарди за домашно набљудување на изборите.

„Ги споделивме со амбасадорот Рикер и нашите согледувања за текот, односно нашите согледувања за досегашниот тек на изборниот процес. Заеднички заклучивме дека стандардите и процедурите мора да се почитуваат како во делот на спроведување на изборниот процес така и во делот на домашното набљудување на изборите за што добивме и безрезервна поддршка.“

Рикер вели дека американската амбасада и УСАИД, со задоволство го подржуваат МОСТ и набљудувањето на изборите.

„Ова се многу важни избори за иднината на Македонија. Напорите за нивно набљудување, што треба да осигура дека тие ќе бидат слободни, фер и во согласност со стандардите, што го очекуваме од Македонија, како европска држава, е многу важно за нас. Затоа со задоволство ги подржуваме“, изјави Рикер.

МОСТ ги набљудува изборите со околу 3,5 илјади домашни набљудувачи. Американскиот амбасадор информира дека и меѓународната заедница внимателно ќе ги следи изборите.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG