Достапни линкови

logo-print

Групата Кавкаски Емират на американската листа на терористи


Членови на групата Кавкаски емират

Членови на групата Кавкаски емират

Кавказкиот Емират од денеска и официјално е на американската листа на терористи. Оваа група се обвинува дека стои зад многу напади вклучувајќи го и нападот на рускиот брз воз во ноември 2009-та, и бомбашкиот напaд во Министерството за надворешни работи на Чеченија во мај 2009-та. Лидерот на организацијата Доку Умаров ја презеде одговорноста и за нападот на московкиот аеродром во јануари годинава кога загинаа 37 луѓе, како и за двојниот бомбашки напад во московското метро минатата година. Кога загинаа 40 луѓе. Стејт Департментот нуди награда од 5 милиони долари за информации за тоа каде се наоѓа Умаров. САД го ставија Умаров на листата на терористи уште во јуни 2010 –та.
XS
SM
MD
LG