Достапни линкови

Расте бројот на жртви од бомбашкиот напад во Пакистан


Се зголемува бројот на загинати во експлозијата на бомба во северозападниот пакистански град Хангу. Полицијата соопшти дека досега загинале 22 луѓе, а десетици се повредени. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Овој случај е последен од серијата напади откако на 2 мај американските сили го убија Осама бин Ладен. За останатите напади одговорноста ја презедоа Талибанците , велејќи дека тоа е одмазда за убиството на Осама.
XS
SM
MD
LG