Достапни линкови

logo-print

Реакции за Младиќ и од САД и СЕ


Белата куќа денеска го поздрави апсењето на хашкиот бегалец и воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ. Американскиот заменик советник за национална безбедност Бен Роудс изјави на прес-конференција дека САД очекува Младиќ што поскоро да биде префрлен во Хаг. Тој додаде дека апсењето на Младиќ покажува дека сите вакви злосторства ќе бидат исправени пред лицето на правдата. Реакции доаѓаат и од Советот на Европа. Торбјорн Јагланд изјави дека апсењето на Младиќ ќе помогне во тоа да се затвори мрачното поглавје од Балканската историја
XS
SM
MD
LG