Достапни линкови

Рикер: претстојните избори важни за иднината на Македонија


Американскиот амбасадор Филип Рикер и претставник на ОБСЕ

Американскиот амбасадор Филип Рикер и претставник на ОБСЕ

Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер по денешната средба со извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов изјави дека претстојните избори се многу важни за иднината на Македонија и оти очекува тие да бидат слободни и фер и во согласност со стандардите. Тој посочи дека Амбасадата на САД и УСАИД се задоволни што ги поддржуваат напорите за набљудување на изборите. ,,МОСТ е во многу добра позиција да го направи тоа како независна организација. Ги охрабрувам сите граѓани да излезат на изборите и да гласаат. Нема место на изборите за какви било заплашувања, рече Рикер
XS
SM
MD
LG