Достапни линкови

Разговори Обама -Медведев за антиракетниот систем


Дмитри Медведев и Барак Обама

Дмитри Медведев и Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека Соединетите држави и Русија се обврзале да најдат зaеднично решение кое ќе им одговара на двете страни за планираната изградба на американскиот антиракетен штит кој треба да биде сместен во Европа. По средбата со рускиот претседател Дмитри Медведев, Обама изјави дека со заедничкото решение треба да се избегнат потенцијалите опасностите за двете земји. Медведев претходно го критикуваше планот Соединетите држави да распоредат антиракетен систем во Централна и Источна Европа.
XS
SM
MD
LG