Достапни линкови

Оваа изборна кампања партиите не ги користат меѓуетнички теми за добивање поени. Според аналитичарите тоа е знак дека ситуацијата е смирена.

Она што деновиве може да се слушне од говорниците на партиските митинзи се меѓусебни навреди и препукувања, лични дискредитации и клевети помеѓу политичките ривали. Покрај обвинувањата за тоа кој што направил и колку пари потрошил, во оваа кампања може да се забележи дека меѓуетничките односи и нерешениот спор за името се во сенка на економските прашања и новите барања од албанските партии.
Сите албански политички партии зборуваат за полна рамноправност на Албанците со Македонците. Тие исто така бараат да имаат гаранција од оној што ќе составува влада дека нивната програма ќе биде реализирана.

Политичките аналитичари велат дека е добар знак тоа што меѓуетничките односи не се дел од предизборните теми за добивање поени.
Универзитетскиот професор Мирјана Малеска објаснува дека тоа значи оти ситуацијата е смирена, но истовремено укажува дека новите
барања на албанскиот политички блок можат да ја доведат во прашање стабилноста на идната владина коалиција.

„Сите албански политички партии зборуваат за полна рамноправност на Албанците со Македонците. Тие исто така бараат да имаат гаранција од оној што ќе составува влада дека нивната програма ќе биде реализирана, сето тоа се барања кои се порадикални во однос на Рамковниот договор, но се резултат, реакција на политиката на Владата околу трошењето на средствата“, изјави Малевска.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Можноста од предизвикување поделби на етничка основа и создавање на можни конфликти во земјава е тоа што ги прави партиите претпазливи околу изборот на темите со кои ќе ловат гласови, смета аналитичарот Џељал Незири. Според него, форсирањето на теми кои ги подгреваат националистичките чувства можат да ги влошат меѓуетничките односи.
Мислам дека свесно партиите ги избегнуваат и се фокусираат на тоа што тие сработиле и што не сработиле
конкурентите.

„Форсирањето на тезата за името дека има предавници и патриоти, исто така прави внатрешни поделби особено кај македонското општество и тие поделби можат да резултираат со поголеми инциденти.“

Експертите порачуваат дека овие избори треба да бидат фер и демократски, а партиите мора да се воздржат од жешки теми кои можат да предизвикаат непријатности.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи

„Мислам дека свесно партиите ги избегнуваат и се фокусираат на тоа што тие сработиле и што не сработиле конкурентите, повеќе се фокусираат на економијата, на лошата економска состојба во Македонија, значи како тоа да се подобри“, вели Незири.

Исходот од изборите отвора нови предизвици, велат експертите. Ако изборите завршат со формирање на влада која бара повеќе коалициони партнери, дотолку поголема ќе биде тежината на барањата на Албанците оти од нив ќе зависи дали формирањето на коалициона влада, заклучуваат експертите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG