Достапни линкови

Акција за разбивање на балкански наркокартел


Полициските сили од неколку европски држави разбија еден од ограноците на балканскиот наркокартел, кој се смета за една од најголемите мрежи за илегална трговија со нарктоици во Европа, соопшти денеска шпанската полиција. Во полициската акција приведени се 12 луѓе. Петмина од нив се приведени во шпанскиот град Валенсија, додека другите се упасени во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Наркогрупата била откриена откако шпанската полиција забележала во Барселона поранешен хрватски војник, кој бил дел од балканскиот наркокартел.
XS
SM
MD
LG