Достапни линкови

Со еколошки дозволи против загадувањето


Река Радика во општина Маврово-Ростуше

Река Радика во општина Маврово-Ростуше

Со цел заштита на животната средина, во општината Маврово-Ростуше сите физички и правни лица кои преземаат одредени дејности во иднина ќе мора да имаат еколошка дозвола.

Република Македонија со законски нормативи се приближува кон стандардите на ЕУ и овозможува воспоставување на ефикасен систем за управување и мониторинг на квалитетот на животната средина на локално, регионално и државно ниво.

Во рамките на Програмата на УНДП, „Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ“, во општина Маврово-Ростуше се спроведува проект за изградба на локални административни капацитети на единиците на локалната самоуправа, поврзана со издавање на еколошки дозволи. Овие дозволи се неопходни за да се спречи
Информирани се сите економски оператори, како физички така и правни лица кои извршуваат одредени активности и дејности, а за кои според законот неопходно е да имаат изработено еколошки елаборат за заштита на животната средина.
загадувањето на животната средина, а мора да ги имаат како правните, така и физичките лица кои преземаат одредени дејности.

„Информирани се сите економски оператори, како физички така и правни лица кои извршуваат одредени активности и дејности, а за кои според законот неопходно е да имаат изработено еколошки елаборат за заштита на животната средина. Тие треба да добијат еколошка дозвола или пак Б-интегрирана дозвола, во зависност од дејноста што ја вршат. Елаборатот за животна средина се издава за помали дејности, додека, пак, Б интегрирана еколошка дозвола за правните лица кои имаа поголеми дејности“, истакнува членот на кординативното тело за спроведување на проектот, Ајбен Ајдини.

Заштитата на еколошката средина во општина Маврово – Ростуше е многу битна и поради фактот што 93 отсто од територијата на општината е и територија на националниот парк „Маврово“ кој
изобилува со прекрасна убавина, и во кого има над 1000 видови растенија како и над 140 видови птици, водоземци, влекачи и цицачи.

„Во општина Маврово-Ростуше е и територијата на националниот парк „Маврово“, која е заштитено подрачје од втора категорија и поради тој
Во општина Маврово-Ростуше е и територијата на националниот парк „Маврово“, која е заштитено подрачје од втора категорија и поради тој факт се преземени нагласени дејствија.
факт се преземени нагласени дејствија. Веќе се одржа инфо-сесија, на која присуствуваа голем број физички и правни лица, а кои според законот треба да изработат елаборати за животна средина. Б-интегрираните дозволи инаку ги издава Министерството за животна средина, додека елаборатите ги издава локалната власт.“

Првите проценки од спроведувањето на овој проект кој се одвива и во општините Гостивар и Врапчиште, говорат дека проектот има успех, вели Ајдини:

„Се чуствуваат ефектите, се гледа дека како правните така и физичките лица кои спроведуваат дејности на теренот веќе бараат еколошки дозволи, бидејќи има и нагласени инспекциски контроли.“
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG