Достапни линкови

Новиот гувернер се сретна со банкарите


Продолжување на монетарната политика преку одржување на ценовната стабилност и стабилен курс на денарот, најави новиот гувернер на Народната банка Димитар Богов на првиот состанок со Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија. „ Проблемите во банкарскиот сектор се од поинаква природа отколку што беа во изминатата декада. Претходниот гувернер Гошев со својот тим успеа да реши најголем дел од тие проблеми. Она што беше прашање на опстанок на многу банки со потенцијал за загрозување на банкарскиот сектор веќе е зад нас. Тие проблеми се решени. Сега проблемите се на едно повисоко ниво“, изјави Богов по состанокот. За барањето на банкарите за намалување на задолжителната резерва рече дека соодветно ќе реагираат доколку се оцени дека има потреба од промена на поставеноста на монетарната политика.
XS
SM
MD
LG