Достапни линкови

logo-print

Папандреу бара консензус за продолжување на економската обнова на Грција


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу на средбата со претседателот Каролос Папуљас побара национален консензус за продолжување на економската обнова на земјата. „Владата бара најширок консензус како од партиите, така и од јавноста“ рече Папандреу. Опозициските лидери на вчерашната средба со Папандреу се спротиставија на владиниот рецепт за излез од кризата, во кој се предвидени интензивирање на економските мерки и забрзување на приватизацијата. Новиот план за период од неколку години е комбинација од забрзување на приватизацијата и засилување на строгите мерки, посебно даночните.
XS
SM
MD
LG