Достапни линкови

Роденденот на Тито одбележан во Белград


Почитувачи на ликот и делото на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито од цела поранешна Југославија денеска по повод неговиот роденден - 25 мај, го посетија гробот на маршалот во „Куќата на цвеќето“ во Белград. По повод 25 мај, кој во СФРЈ се прославуваше како Ден на младоста, илјадници лица од поранешните југословенски републики со автобуси, возови и приватни возла пристигнаа во Белград, носејќи знамиња и симболи на некогашната Југославија и фотографии и значки со ликот на Тито. Како што оценуваат медиумите во своите извештаи од Белград, многу луѓе од поранешна Југославија на денешниот ден носталгично се сеќаваат на времињата кога „беа посреќни, побогати, побезбедни и имаа работа, иако не живееја во демократска држава и немаа политички слободи“.
XS
SM
MD
LG