Достапни линкови

Амбасадорот Ралф Брет нов шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје


Амбасадорот Ралф Брет од Германија денеска ја превзеде функцијата шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Амбасадорот Брет е 29 години во служба на германското Министерство за надворешни работи како дипломат. Претходно, три години бил амбасадор на Германија во Скопје и претставник на претседателството на Европската унија за време на претседателствувањето на Германија и Финска. Пред неговото назначување, амбасадорот Брет работел како шеф на Одделот за меѓународно кривично право во Министерството за надворешни работи на Германија.
XS
SM
MD
LG