Достапни линкови

Француската министерка за финансии ќе се кандидира за шеф на ММФ


Кристин Лагард на денешната прес конференција

Кристин Лагард на денешната прес конференција

Министерката за финансии на Франција Кристин Лагард ја најави својата кандидатура за шеф на Меѓународниот монетарен фонд. Лагард, кога ја најави својата одлука, ја потенцираше активната улога на меѓународната организација во европската финансиска криза. Од друга страна, водечките економии во развој ја критикуваа традицијата според која шеф на Фондот секогаш е жител на Европа. Претходниот шеф на ММФ е во куќен притвор во Њујорк. Фондот треба да го избере неговиот наследник до 20 јуни.
XS
SM
MD
LG